Spletna poslovalnica

АКУМУЛАЦИСКИ ПЛАН

Сведоци сме и на континуиран надолен тренд кај каматите на штедните депозити. На сите полека ни станува јасно дека зборовите депозит и солидна заработка не одат заедно во иста реченица. Чувствувајќи ги ефектите од намалените камати, луѓето сѐ почесто се прашуваат која е алтернативата на штедењето во банка.

 
ОПИС НА ПРОДУКТОТ

Акумулацискиот план е специјално подготвен систем за наменско вложување во колективен инвестициски фонд. Редовните месечни уплати овоможуваат постепена акумулација и оплодување на личните заштеди.

ПРЕДНОСТИ:

  • 0% АДМИНИСТРАТИВНИ ТРОШОЦИ
  • АТРАКТИВНА СТАПКА НА ПРИНОС
  • МОЖНОСТ ЗА УПЛАТА ПРЕКУ ТРАЕН НАЛОГ
  • ПАУЗИРАЊЕ НА МЕСЕЧНИОТ ВЛОГ ПО ПОТРЕБА
КАРАКТЕРИСТИКИ:

Валута:
Денарски влог со девизна клаузула во повеќе валути.

Инвестициски период: Од 10 до 25 години (со можност за предвремено повлекување на влогот).

Минимален месечен влог:

  • 500 МКД
Категорија на клиенти: Физички лица
  1. ДЕТСКИ КОЛЕЏ ПЛАН - за родителите кои кројат планови за престижното образование на своите мали јунаци и принцези; или
  2. ЛИЧЕН ПЛАН „МОЈА РЕНТА“- наменет за лица во редовен работен однос, кои денес работат за плата, но чекор по чекор градат солидна финансиска иднина.
Очекувана стапка на принос: 7%
НАПОМЕНА: Стапката на принос е променлива низ времето и зависи од инвестициската политика на фондот во кој е активиран планот. Приносот во минатото е од информативен карактер и не претставува индикација за можниот принос во иднина.
Во 2016-та година, акциските фондови под наше управување ги постигнаа следниве приноси:
  • КД ТОП БРЕНДОВИ, Глобално ориентиран фонд со акцент на "blue chip" компании: 7,03%
  • КД БРИК, Глобално ориентиран фонд со акцент на BRIC државите: 11,17%
  • КД НОВА ЕУ, Регионално ориентиран фонд, со акцент на државите од Југоисточна Европа: 12,12%
Политика на припис и исплата на добивката: Добивката автоматски се реинвестира. Исплатата се врши по завршувањето на планот, односно при повлекувањето на средствата.

Политика на предвремено повлекување на влогот: Вложувачот може да го раскине договорот и пред истекот на договорениот рок, при што КД Фондови пресметува и наплатува излезен надоместок за периодот од моментот на првата уплата до моментот на предвременото раскинување на договорот, како што следи:
  • 5% во првите 5 години
  • 2,5% во остатокот од периодот
Склучување на договор: Во седиштето на КД Фондови.

Документ за идентификација:
Лична карта или Извод од матична книга на родени за малолетни лица и трансакциска сметка.


ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
  1. ИНФОРМАТИВНА ПРЕСМЕТКА
  2. КАЛКУЛАТОР
  3. ЗАКАЖИ СОСТАНОК


ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24