Spletna poslovalnica

Групацијата KD Group

КД Фондови АД Скопје е членка на групацијата KD Group, која се вбројува помеѓу големите бизнис групации во Словенија и се развива во значајна компанија во регионот на Средна и Југоисточна Европа. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Компанијата мајка ги носи одлуките за сите значајни стратешки вложувања. Во 2014 година KD Group ја прослави својата дваесетта годишнина.
Деловни активности на групацијата:
  • Управување со инвестициски фондови
  • Осигурување
  • Капитални инвестиции
Клучни стратешки цели:
  • Групацијата да се трансформира од финансиски во осигурителен холдинг. Носечка компанија на тој начин би станало Друштвото за осигурување Adriatic Slovenica d.d.
  • Главна групациска цел: Да се прерасне во една од водечките осигурителни групации во Словенија и на Балканот
  • Клучната активност би се темелела на осигурувањето, дополнето со широка палета на квалитетни инвестициски производи
  • Во фокусот на сите активности на KD Group останува понатамошното јакнење на улогата на клиентите, преку постојан развој на иновативни производи, услуги и продажни канали.


ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24