Spletna poslovalnica

КД НОВА ЕУ, акциски фонд

Инфо за фондот

За кого е наменет фондот? 

Со оглед на инвестициските цели и политика, КД Нова ЕУ првенствено е наменет за вложувачи со долгорочен вложувачки хоризонт и повисок степен на толеранција кон ризикот, кои се решени да вложуваат совесно, дисциплинирано и континуирано, со цел оплодување на вложените средства на долг рок. 

Препорачлив временски период за вложување е најмалку пет години.

Износот кој е разумно да се вложи во овој фонд првенствено зависи од личните цели и можности на секој инвеститор. Поради тоа, на потенцијалните инвеститори им се препорачува пред носењето на одлуката за вложување во КД Нова ЕУ да ја согледаат својата имотна состојба, тековните и идни потреби за парични средства, планираниот временски период на вложување, како и личниот однос кон преземениот ризик од вложувањето. Исто така, препорачливо е, средствата на инвеститорот наменети за вложување, да бидат правилно диверзифицирани, со што истиот би се заштитил од ризикот да биде изложен на само еден вид финансиски инструмент односно инвестициски фонд.


Назив на фондот КД Нова ЕУ - отворен инвестициски фонд*
Скратен назив  КД Нова ЕУ о.ф.
Друштво за управување КД Фондови АД Скопје
Почеток со работа  28.10.2008 година
Инвестициска политика Регионално ориентиран фонд со акцент на државите од ЈИЕ
Инвестициски цели Инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, односно раст на вредноста науделот на долг рок
Валута на која гласат уделите МКД
Минимален износ за уплата 1.000 денари при еднократни уплати; 

500 / 2.000 денари при програмирани уплати
Депозитарна банка Шпаркасе Банка АД Скопје
Идентификациски број РОИФ0709102008КДЈУБА6364578 
Влезна провизија  до 119.999 мкд - 3%; 
120.000 - 299.999 мкд  - 2,5%;
300.000 - 999.999 мкд - 2%;
1.000.000 - 2.999.000 мкд - 1%;
3.000.000 мкд и повеќе - 0,5%
Излезна провизија  0% излезна провизија при еднократни уплати и програмирани уплати Тип 1;

Од 0% до 5% излезна провизија при програмирани уплати Тип 2 во зависност од периодот во кој се повлекуваат средствата
Управувачка провизија 3% годишно
Надоместок на депозитарната банка  0,35% годишно
 
Називот на фондот до 28.04.2010 година гласеше КД Јужен Балкан – отворен инвестиционен фонд

Права од удели 
Согласно Законот за инвестициски фондови, на сопственикот на удели од фондот КД Нова ЕУ му се гарантираат следниве права:
  • право на информираност;
  • право на дел од добивката на фондот;
  • право на продажба на уделите од фондот, односно обврска за откуп на уделите од страна на КД Фондови АД Скопје;
  • право на исплата на дел од ликвидационата маса на фондот.

ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24