Spletna poslovalnica

Како функционира инвестицискиот фонд?

Инвестициски фонд е стручен економски термин, што означува здружување на парични средства од страна на повеќемина поединци, со цел да се постигне акумулација на капиталот кој понатаму ќе биде наменет за вложување во одредени финансиски инструменти. (акции, обврзници, депозити и сл.).
Според домашното законодавство, инвестицискиот фонд може да се основа како отворен инвестициски фонд, затворен инвестициски фонд и приватен инвестициски фонд.

Во светски рамки, отворените фондови или како што уште ги нарекуваат „заеднички фондови“ (Aнглиски: mutual funds) се најпопуларната форма на колективно вложување. На вложувачите им се нуди широк избор помеѓу фондови со поконзервативна или подинамична стратегија, во зависност од времетраењето на вложувањето, личниот однос кон ризикот и очекуваниот принос.

При вложувањето во заеднички фонд на индивидуалниот клиент не му се потребни ниту време ниту специјализирани знаења околу изборот на одделните вложувања. Со имотот на фондот за сметка на сите инвеститори управуваат квалификувани професионалци во друштвото за управување, кои редовно го следат развојот на светските пазари на капитал, реагираат на промените и внимателно ги одбираат инвестициите, водејќи се од принципот на диверзификација (распределба) на ризикот и намалување на трошоците за тргување.


ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24