Spletna poslovalnica

Штедење и оплодување на средствата

Фондовите овозможуваат индиректно вложување во хартии од вредност (главно акции и обврзници), кои како инвестиција носат многу предности. Акциите и обврзниците на долг рок обезбедуваат повисок принос во однос на конзервативните вложувања, како на пример банкарските депозити.

Вложувачите треба да се свесни дека повисокиот очекуван принос е награда за преземањето на инвестициски ризик. 

Инвестицискиот ризик означува дека реалниот принос од вложувањето во определен период може да е повисок или понизок од очекуваниот. Тој може да е и негативен, а во тој случај инвеститорот не е во можност целосно да ја поврати вложената сума. Фондот не дава никакви гаранции за идни приноси ниту осигурува поврат на првичниот влог (главницата). Тоа значи дека целосниот ризик од вложувањето го презема инвеститорот со цел да постигне повисок принос на инвестираните средства.

Токму затоа, вложувањето во фондови е пред сè долгорочна активност.

Секој инвеститор, пред донесувањето на одлука за вложување во фонд, треба да процени кое ниво на ризик е подготвен да го прифати и на основа на тоа да го избере соодветниот фонд.


ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24