Spletna poslovalnica

Придобивки од вложувањето во фондови

  • Повисок принос на долгорочен период: Со вложувањето во фондови можете да постигнете повисоки приноси во однос на приносите кои би ги постигнале со другите форми на штедење.
  • Сигурност на вложените средства: Вложувањето во фондови е сигурна инвестиција, бидејќи оваа област е строго законски регулирана. Средствата на фондот се разделени од средствата на друштвото кое управува со него, што означува дека средствата на инвеститорите не зависат од резултатите од работењето на друштвото. Покрај тоа, вложувањето во фондови Ви овозможува поголема диверзификација на Вашите заштеди.
  • Едноставност: Процедурата за вложување е брза и лесна. За вложување во фондови не Ви е потребно ни време ни знаење за изборот и управувањето со одделните инвестиции. Со имотот на фондот управуваат овластени и искусни стручни лица т.н. портфолио менаџери, чија цел е раст на вредноста на фондот, преку внимателна селекција на инвестициите, следејќи го принципот на распределба на ризикот. 
  • Прилагодливост кон индивидуалните ситуации:  Можете да вложите еднократно, да вложувате повремено по Ваш избор или да креирате програмиран план со дефиниран износ, динамика и периодот на вложување. Нашите овластени претставници можат да Ви помогнат во прилагодувањето на планот согласно Вашите цели.
  • Транспарентност: Состојбата на вредноста на Вашиот имот во фондот е прегледна во секое време – едноставно помножете го бројот на удели во Ваша сопственост со вредноста на уделот за тековниот ден или поднесете барање за достава на електронски преглед на состојба на контакт адресата kdfondovi@kd-group.com. Вредноста на уделот за секој фонд се објавува секојдневно на интернет страниците на КД Фондови и Македонска Берза - www.mse.mk/mk/open-end-investment-funds
  • Флексибилност: Можност за избор и комбинирање на фондови со различни инвестициски стратегии.
  • Јасно дефинирани трошоци: Трошоците за влезна провизија се однапред познати и објавени, а по нивното одбивање останатите средства започнуваат да се оплодуваат.
  • Пристап до вложените средства: Делумна или целосна исплата на средства можете да побарате во секое време, при што сами одлучувате колку удели сакате да Ви бидат откупени и исплатени. Исплатата се врши на посочена од Вас трансакциска сметка, најдоцна во рок од седум календарски дена. 
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24