Spletna poslovalnica

Mудро вложување

При вложувањето на Вашите заштеди во фонд важат одредени правила, кои Ви помагаат да бидете помирни без оглед на случувањата на берзите, а истовремено Ви ги зголемуваат можностите за остварување на позитивен принос.
10 правила за мудро вложување

  1. Запрашајте се, какви се Вашите тековни финансиски потреби и кои Ви се идните цели и планови и соодветно потреби од пари.
  2. Вложувањето во фондови не служи за шпекулации на краток рок, туку претставува долгорочен план за оплодување на средствата.
  3. Приносите на фондовите во минатото се од информативен карактер и не претставуваат индикација за можниот принос во иднина, бидејќи приносите од пазарот на капитал едноставно не се загарантирани.
  4. Никогаш не го избирајте фондот на основа на реклама за остварен висок принос на краткорочен период. Успешноста на работењето на еден фонд се согледува преку анализа на остварениот просечен принос на период од најмалку 10 години.
  5. Повисоките приноси означуваат и повисок ризик, а не бесплатен бонус. Затоа при изборот на фондот запознајте се со степенот на ризик опишан во неговиот Проспект.
  6. Погрижете се за соодветна диверзификација на сопствените средства и не ги заборавајте поконзервативните вложувања, како на пример паричните фондови. КД Фондови Ви овозможува избор и комбинации помеѓу трите акциски фонда - КД Топ Брендови, КД БРИК и КД Нова ЕУ и паричниот фонд КД Кеш Депозит.
  7. Не очекувајте позитивен принос секоја година.
  8. Приносите на фондовите варираат во различни временски периоди. По период на високи приноси обично следат периоди на поскромни, понекогаш и негативни приноси и обратно - по кризни периоди следи период на раст. 
  9. Вложувајте во повеќе фондови и изберете комбинација од фондови чии инвестициски политики се дополнуваат.
  10. Избегнувајте друштва за управување чии фондови имаат историја на подпросечни приноси од инвестирањето.
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24