Spletna poslovalnica

Како да се креира соодветна комбинација на вложувања во фондови?

Фондовите се разликуваат помеѓу себе по инвестициската политика односно по финансиските инструменти, географските региони и индустриите во кои претежно ги вложуваат средствата, од кои што пак директно зависи и степенот на ризичност на соодветниот фонд.
Кога избирате фонд, направете го тоа врз основа на целта на вложувањето и степенот на ризик кој сте подготвени да го прифатите. Изборот зависи од Вашите желби и потреби, рокот за постигнување на поставените цели, финансиските можности, имотната состојба, Вашата возраст, како и знаењето и искуството кое го имате во врска со вложувањето. Наш совет е да ги распоредите средствата во повеќе фондови со што ќе го диверзифицирате Вашето портфолио и ќе го намалите ризикот.

  • Прво определете го износот на готови пари за кои сметате дека би можеле да Ви затребаат во блиска иднина. Тие средства е соодветно да се вложат во паричен фонд. 
  • На нив можете да додадете соодветен износ на средства кои ќе ги вложите во класичен депозит во банка, а кои на среднорочен и долгорочен план ќе ја зголемат стабилноста и сигурноста на Вашето портфолио.
  • Како помош можете да го искористите правилото кое вели дека во побезбедни инструменти какви што се паричниот фонд и банкарските депозити треба да имате вложено онолку проценти од средствата колку што во моментот имате години.
  • Во акциски инвестициски фондови вложувајте средства за кои сте сигурни дека среднорочно и долгорочно нема да Ви затребаат.
  • Препорачливо е дел од средствата наменети за акциски фондови најнапред да ги вложите во фондови со глобална инвестициска политика, а потоа да ги надградувате со фондови кои вложуваат во определени региони или индустрии.
  • Оптималната инвестициска комбинација би требало да содржи внимателно одбрани фондови чии инвестициски политики не се повторуваат. 
  • Покрај распределбата на средствата во фондови со различна инвестициска политика, препорачуваме и временска распределба на вложувањата. Доколку имате можност, вложувајте периодично. На тој начин ќе остварите подобра просечна цена на купените удели и ќе се заштитите од купување по највисока или продажба по најниска цена.
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24