Spletna poslovalnica

Вложување во КД Фондовите

Во зависност од Вашите можности и цели, можете да одлучите дали ќе вложите еднократен износ на средства кои ќе ги оставите да се оплодуваат на долгорочен период или пак ќе вложувате постепено и континуирано. Секако, можете да направите и комбинација од двата типа на вложување. Без разлика кој начин на вложување ќе го изберете, земете ги предвид Вашата финансиска состојба, поставените цели и односот кон ризикот.
Еднократни уплати

Еднократна уплата за купување на удели претставува секоја уплата на сметка на фондот извршена од страна на инвеститорот без претходно дефинирана динамика. Секој инвеститор кој има намера да вложи преку еднократна уплата потребно е до КД Фондови АД Скопје да поднесе Барање за купување на удели во кое ја посочува сумата која ќе биде уплатена. 

Минималниот паричен износ за купување на удели преку еднократна уплата изнесува 10.000 денари. Доколку инвеститорот уплати паричен износ кој е понизок од минимално дефинираниот за еднократна уплата, средствата нема да бидат конвертирани во удели од фондот односно ќе му бидат вратени на инвеститорот на трансакциската сметка од која е извршена уплатата.


Постепено вложување - програмирани уплати

Програмирана уплата за купување на удели претставува секоја уплата на сметка на фондот која е извршена на основа на склучен програмиран план. Програмираниите планови претставуваат специјално 
креиран систем на тековни уплати во фондот. 
На овој начин можете да започнете со уплати во некој од нашите фондови, веќе од 500 денари месечно, со активирање на траен налог во банката во која ја примате Вашата плата или добивате приходи по друга основа. 

Програмиран план се активира со поднесување на Барање за купување во кое се посочува избраниот тип на програмираниот план. Барање за купување кај програмираните планови се поднесува 
само еднаш, односно при првата уплата на средства за активирање на планот. 
 
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24