Spletna poslovalnica

Програмиран план со дефиниран износ – тип 1

Програмираниот план тип 1 е наменет за вложувачи кои сакаат слобода при изборот на временскиот период, износот и динамиката на вложувањата.


Кај овој тип на програмиран план, вложувачот има право на надомест на наплатениот влезен надоместок за издавање на удели, согласно условите во договорот за постепено вложување.
Основен параметар при креирањето на планот е одредување на вкупниот износ на парични средства кои постепено ќе бидат вложени во фондот.


Пример: Доколку вложувачот одлучи да креира план на вкупен износ од 206.000 денари, влезниот надоместокот за купување на удели ќе изнесува 6.000 денари и истиот се одбива од вкупно договорениот износ на влогот, што значи дека нето износот на влогот ќе изнесува 200.000 денари.
Бидејќи вложувачот вкупно договорениот износ за вложување ќе го уплаќа преку програмирани уплати, а не како еднократна уплата, почетниот влог ќе биде формиран како збир од износот на пресметаниот влезен надоместок, зголемен најмалку за минималниот износ од 500 денари за поединечна уплата, односно најмалку 6.500 денари (6.000 влезен надоместок + 500 денари минимален износ на поединечна уплата).
При останатите уплати по планот, на вложувачот нема да му се пресметува и наплаќа влезен надоместок. 
По завршувањето на планот, доколку бидат исполнети условите од договорот за постепено вложување, првично наплатените 6.000 денари ќе му бидат надоместени на вложувачот во форма на дополнителни удели од фондот во кој вложувал.

Предностите кои ги нуди овој тип на постепено вложување се следните:
  • Планот временски не е ограничен, што значи дека вложувачот може да си уплаќа кога сака и по колку сака. Планот се исполнува кога ќе биде достигнат вкупно договорениот износ; 
  • Не се наплатува излезен надоместок при повлекувањето на заштедата;
  • Наплатениот влезен надоместок во целост се надоместува по исполнувањето на условите од договорот.



ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24