Spletna poslovalnica

Глобален берзански преглед - април 2018

Позитивни сигнали од глобалните пазари на капитал. Најголем раст е забележан кај акциите на европските компании кои пораснаа за над 4%, додека пазарите во развој го завршија месецот со благо покачување од 1,3%.
Американски акции придобија повеќе од 2% за месец дена, сметано по MSCI индексот, изразен во евро валута. Најголемиот куповен притисок беше насочен кон компаниите од енергетскиот сектор. Своја улога во растот на индексите има и поскапувањето на суровата нафта. Залихите од „црното злато“ во САД се намалуваат, додека пазарите се во очекување на нови санкции кон Иран, еден од најголемите извозници на глобално ниво. Притисокот пак на продажната страна е најочевиден кај компаниите од секторот на стоки за широка потрошувачка, како и во индустрискиот сектор.

Приносот до достасување на американската 10-годишна обврзница се покачи на ниво над 3%, што претставува најголема забележана вредност во последните 4 години.

Според последните објавени податоци, економскиот раст е 2,9% на годишно ниво. Пораст има и кај инфлацијата, чиј износ од 2,4% е највисок во последниве година дена. Сето ова ѝ дава поткрепа на американската централна банка да продолжи со постепената нормализација на монетарната политика.
Акциите пак на европските берзи пораснаа за 4%, сметано по MSCI индексот. И покрај солидниот раст, индексот е сеуште под максималната вредност која беше достигната во јануари. Последните економски показатели укажуваат дека растот на економските економии се успорува. Растот на БДП-то во еврозоната за првиот квартал од 2018 е 2,5% на годишно ниво, што е намалување во однос на 2,8% од последниот квартал во минатата година. Податоците од пазарот на труд покажуваат најниска стапка на невработеност во последните 9 години. Агрегатниот PMI индекс (The Purchasing Managers' Index), кој го мери нивото на оптимизам кај реалниот сектор, останува непроменет на месечно ниво. Довербата на потрошувачите е сеуште на високо ниво, но стапката на инфлација останува ниска. На годишно ниво таа изнесува 1,3%, што е помалку од целните нивоа, поставени од европската централна банка. Овој пат ЕЦБ не изврши корекција кај референтните каматни стапки, ниту пак претстави конкретни насоки за понатамошната монетарна политика, откако во септември ќе заврши програмата за откуп на обврзници. Дополнителни појаснувања околу нормализирањето на монетарната политика се очекуваат на јунското заседание на ЕЦБ. 

Пазарите во развој пораснаа за над 1% во месец април. Помеѓу БРИК државите, најуспешно претставување имаа индиските компании, додека пак кинеските придобија речиси 2%. Причина за пониските остварени приноси во однос на развиените пазари е падот на руските индекси, каде MSCI индексот, изразен во евра, се намали за речиси 6%. На негативниот резултат влијание имаат и воведените санкции кон РУСАЛ, вториот најголем производител на алуминиум во светот. 

Преглед по региони (во евра)

Регион

Индекс

Промена во април

3 месеци

1 година

Глобално ниво

MSCI All Countries

2,65%

4,87%

0,87%

Западна Европа

MSCI Europe

4,02%

6,60%

-0,42%

САД

MSCI US

2,27%

2,93%

-0,13%

Пазари во развој

MSCI BRIC

1,33%

18,00%

11,85%

Балкан

Stoxx Balkan ex TR&GR

0,64%

8,23%

4,24%

Обврзнички пазар

iBoxx Europe

-0,24%

2,66%

1,62%

Сооднос EUR/USD*

-2,00%

11,85%

10,86%

* Позитивната вредност означува раст на еврото

НАПОМЕНА: Изнесените податоци се од информативен карактер и не содржат инвестициска препорака за вложување во некој од фондовите под управување.
Вложувањата во акциски фондови подлежат на одреден пазарен ризик. Вредноста на уделите може да расте или опаѓа во зависност од тековните состојби на пазарите на капитал. 
Пред донесувањето на одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор е должен внимателно да ги прочита одредбите од Проспектот и Статутот на фондот во кој има намера да вложи средства, со цел да дознае за каков вид на вложување станува збор, како и за ризиците поврзани со вложувањето во тој фонд. 
Друштвото за управување се извинува за евентуалните грешки при подготовката на месечниот глобален берзански преглед. 
Назад
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24