Spletna poslovalnica

Глобален берзански преглед – јуни 2018

Во јуни е забележан надолен тренд на глобалните берзи. Анализирано по региони, најголемиот пад е кај пазарите во развој, додека позитивни резултати бележи пазарот на обврзници.
Американските берзи пораснаа незначително за помалку од половина процент. Како најпрофитабилни се покажаа акциите од добавувачкиот сектор, како и секторот на стоки за широка потрошувачка. Овие компании, заради своите стабилни парични текови и дивидендите кои ги исплаќаат, претставуваат алтернатива на обврзниците во периоди на се намалување на каматните стапки. 

Американската централна банка, како што и се очекуваше, изврши нагорна корекција на референтната каматна стапка за 25 базични поени, со што го задржува континуитетот во постепеното релаксирање на монетарната политика. Покрај тоа, приносот до доспевање на државните хартии од вредност се намали во втората половина на месецот, па така 10-годишната американска обврзница го заврши месецот со принос од 2,8%. Според последно објавените податоци, стапката на невработеност е намалена до 3,8%, што претставува најниско ниво во последните 18 години.

Од другата страна на „големата бара“, европските берзи загубија нешто помалку од 1%. Довербата на потрошувачите се намали во однос на минатиот месец. Ладење на оптимизмот се забележува и во корпаративниот сектор. Позитивни приноси се забележани единствено на обврзничкиот пазар. 

Mario Draghi, претседателот на Европската централна банка, на нејзиното јунско заседание објави продолжување на програмата за откуп на обврзници, со што тековната програма која завршуваше во месец септември, се продолжува до крајот на 2018 година. Обемот на месечните откупи во последнит квартал ќе изнесува 15 милијарди евра. Покрај тоа, ЕЦБ соопшти дека уште извесно време нема да го редуцира своето портфолио, а до зголемување на каматните стапки нема да дојде најмалку до крајот на 2019 година. Како последица на тоа што вложувачите очекуваа малку поконкретна изјава од страна на претседателот, бараниот принос на државните обврзници забележа одредено намалување. Приносот до доспевање на 10-годишната германска обврзница на крајот од јуни изнесуваше 0,3%. 

Индексите на пазарите во развој назадуваа за 5%, сметано по MSCI индексот, изразен во евра. Помеѓу БРИК државите повеќе од 5% загубија берзите во Бразил и Русија, додека руските и индиските акции забележаа нешто помал пад.

На јунскиот состанок помеѓу  државите членки на нафтениот картел ОПЕК и Русија, договорено е зголемување на производната квота за 600 илјади барели на ден. Цената на суровата нафта во месец јуни се зголеми за приближно 2%.

Преглед по региони (во евра)

Регион

Индекс

Промена во месец јуни

3 месеци

1 година

Глобално ниво

MSCI All Countries

-0,75%

5,44%

6,17%

Западна Европа

MSCI Europe

-0,87%

2,46%

0,00%

САД

MSCI US

0,46%

8,85%

9,50%

Пазари во развој

MSCI BRIC

-5,00%

-2,29%

10,71%

Балкан

Stoxx Balkan ex TR&GR

0,49%

-2,26%

1,97%

Обврзнички пазар

iBoxx Europe

0,51%

-0,49%

1,45%

Сооднос EUR/USD*

-0,08%

-5,19%

2,26%

* Позитивната вредност означува раст на еврото

НАПОМЕНА: Изнесените податоци се од информативен карактер и не содржат инвестициска препорака за вложување во некој од фондовите под управување.
Вложувањата во акциски фондови подлежат на одреден пазарен ризик. Вредноста на уделите може да расте или опаѓа во зависност од тековните состојби на пазарите на капитал.
Пред донесувањето на одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор е должен внимателно да ги прочита одредбите од Проспектот и Статутот на фондот во кој има намера да вложи средства, со цел да дознае за каков вид на вложување станува збор, како и за ризиците поврзани со вложувањето во тој фонд.
Назад
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24