Spletna poslovalnica

Победнички сектор за 2018 година

Скопје,
Компаниите од здравствениот сектор беа најпрофитабилни во 2018 година. Најдобро се покажаа компаниите кои се во составот на американскиот индекс, како и оние со глобално присуство. Ако ги погледнеме само американските компании, оваа година завршиja речиси со 9% повисок принос во споредба со претходната година. На глобално ниво, сликата беше полоша, цените на акциите завршиле во просек за само еден процент.

Во рамките на големите американски компании, минатата година имавме многу профитабилни акции. Акциите на Merck се зголемија за 42%, Pfizer за 26%, Abbott за 33%. Се разбира, имаше и некои разочарувања. Можеме да ја споменеме негативната промена на Johnson & Johnson. Нивните акции ја завршија годината со 3%  пониска цена од онаа со која ја започнаа годината (промени во евра). Ако ја додадеме и дивидендата која за глобалниот индекс изнесува околу 2%, тогаш минатогодишните приноси се уште подобри. Компаниите кои го сочинуваат здравствениот сектор најчесто имаат во поголем просек фиксен приход. Ова значи дека приходите оваа година би требало да бидат исти како и минатата година. Го знаеме и фактот за стареењето на населението на запад и развојот на економиите на исток. Иднината на компаниите од овој сектор е многу оптимистична на долг рок. Исто така, конкуренцијата меѓу компаниите е многу ограничена, и со текот на годините, индустријата ќе биде дополнително консолидирана. Сепак треба да се земат во предвид евалуациите кои се малку повисоки. Ова главно се должи на растот на нивните акции. Johnson & Johnson и Pfizer објавија неколку загрижувачки факти. На почетокот на секоја година тие објавуваат предвидувања за тековната и за следната година. Во 2019 година тие не гледаат можност за раст во САД, а ништо пооптимистични не се ни за 2020. Како главна пречка се јавува растот на доларот, кој предизвикува намалување на приходите од странство. Исто така, Pfizer се соочува со слични проблеми кој предвидуваа дека посилниот долар во 2019 година ќе ги намали приходите во долари за дури 900 милиони.


Image and video hosting by TinyPic


Американскиот здравствен систем многу години работи над капацитетот во поглед на употребата на здравството на населението. Компаниите кои работат сами или главно на пазарот во САД најверојатно ќе бидат во транзициска година, а цените на акциите би стагнирале. Сепак, таа им дава можност на сите компании кои се главно присутни во Азија и делумно во ЕУ да продолжат да ги зголемуваат приходите, а со тоа да се зголемува и  вредноста за акционерите.

 

 

 

                                                                                                                                                КД Фондови

Назад
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24