Spletna poslovalnica

Вреди да се...инвестира! Особено ако приносите се над 23%

Ако во 1980 година сте инвестирале 990 долари во акции во компанијата Apple денес тие пари ќе ви вредеа повеќе од 300.000 долари. Навистина импресивно! Колку се алтернативите за инвестирање кои би донеле толкава зголемена вредност?

А доверливи инвестициски фондови кои овозможуваат можност да се инвестира токму во акции од вакви реномирани компании, постојат и во Македонија веќе 10 години. Можеби недоволно познати за јавноста, но тоа се финансиски институции кои ги инвестираат парите во акции од светски познати компании како Мајкрософт, Нестле, Гугл, ИБМ, Кока Кола, Најк и многу други. Компании кои исплаќаат дивиденда и ја зголемуваат својата вредност на светските берзи.


Инвестициските фондови ги инвестираат средства на финансиските пазари, со цел да го максимизираат профитот на нивните инвеститори со дефиниран ризик. Инвестициските фондови во просек нудат повисоки приноси од конвенционалните форми на заштеди во текот на истиот временски период. Единствено нешто е што треба да сте малку потрпеливи бидејќи и покрај тоа што парите може да си ги повлечете кога сакате, препорачливо време за инвестирање е барем 5 години или подолго. Приноси од 23,35% и 29,52% во последните 3 години имаат остварено фондовите кои се управувани од КД Фондови и тоа КД Топ Брендови и КД БРИК соодветно.  




Она што е малку познато е дека за инвестирање во фондови не се потребни многу пари”. Граѓаните имаат можност преку инвестициски план да станат индиректно сопственици на големи светски компании, и тоа со уплати почнувајќи од 1.000 денари. 


КД Фондови е финансиска групација која минатиот месец помина во рацете на Generali CEE.  Според неофицијални сознанија во следните неколку месеци се очекува нивно ребрендирање во Generali Investment. Оваа финансиска групација за управување со средства е најголема во централна и југо-источна европа со повеќе од 17 милијарди евра на управување што е 4,5 пати повеќе од буџетот на Македонија. 


Преку линковите во продолжение може да ги погледнете структурите на вложување во акциските фондови КД Топ Брендови и КД БРИК:


ТОП БРЕНДОВИ_Структура на вложување

БРИК_Структура на вложување

Назад
ЗА ДРУШТВОТО
ФОНДОВИ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24