Spletna poslovalnica

Вложување за повисока пензија

Времињата во кои државната пензија беше приходот со кој пензионерите безгрижно уживаа во есента на својот живот се веќе завршени. За дополнителна финансиска сигурност во иднина ќе морате САМИТЕ да се погрижите.
ПРИЧИНА: Поради демографските движења на населението (сè поголемиот број пензионери во однос на значително намалениот број на активно население) пензијата исплаќана од државниот пензиски систем во иднина ќе биде во износ приближен на износот на социјалната издршка. Според  извештајот за пензискиот систем во РМ со актуарски проекции од 2008 година, соодносот меѓу вработените и пензионерите од сегашните 1,56 вработени на еден пензионер, долгорочно ќе се намалува на 1,19 вработени на еден пензионер. Овој тренд на соодносот значи дека сè помалку вработени ќе плаќаат за сè поголем број пензионери. Недостатокот на средства кој се јавува за нормална исплата на пензиите се покрива со трансфери од државниот буџет. По овој основ само во 2010 година државата има префрлено над 200 милиони евра од буџетот во пензискиот фонд.

ПОСЛЕДИЦИ: Вработените кои денес заработуваат 100 парични единици како плата, во 2025 година би добивале пензија во износ понизок од 50 % од платата. Можеме само да претпоставуваме колкаво би било намалувањето на приходите до 2040 година за еден 35 годишен вработен маж кој согласно сегашниот закон за пензиско и инвалидско осигурување би требало да се пензионира на 64 годишна возраст. 

Како пример може да ни послужи просечната старосна пензија исплатена во месец октомври 2015 година која изнесува 14.446,00 денари, односно околу 65 % од просечната нето плата по вработен за истиот месец која изнесувала 22.213,00 денари. (Извори: Државен завод за статистика и Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија). Дури и да се задржи овој сооднос, тешко е да се поверува дека би имало многу задоволни со 35 % намалување на приходите по пензионирањето. 

Токму затоа, теоријата и праксата во развиените држави веќе одамна имаат покажано дека комбинацијата од акции и обврзници се соодветниот финансиски инструмент при долгорочно вложување во текот на работниот век. Условот кој треба да се задоволи е дисперзијата на вложувањата трошоците од инвестирањето да бидат добро управувани. Овој услов во најголема мера го задоволуваат инвестициските фондови, затоа и не треба да изненадува фактот што една четвртина од заштедите за пензии на населението во САД се инвестирани во фондови.



ЗА ДРУШТВОТО
ФОНДОВИ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24