Spletna poslovalnica

Квалитетно образование на децата

Секој родител, без сомневање го посакува најдоброто за своето дете. Но, убавите желби сами по себе, не се никаква гаранција дека на децата ќе им овозможите поквалитетен живот, доколку навреме не преземете конкретни дејствија за нивната идна едукација.
Свесни сте дека родителите од година на година се соочуваат со сè повисоки трошоци за школување на децата. Можеби државните универзитети кај нас сеуште нудат студии во државна квота или студии со кофинансирање, но тоа секако не се однесува на постдипломските и докторските студии или специјализации во одредена област. Да не ги споменуваме пак странските универзитети, каде квалитетното образование изискува сериозни износи за школарина, патни трошоци, сместување и сл.

Навремено планираните финансии за школување на децата се многу битни од неколку аспекти:
  • Квалитетното образование, односно стекнатите знаења и вештини се голема предност при вработувањето и напредокот во кариерата;
  • Месечните трошоци за издршка на студент надминуваат 20.000 денари;
  • Најголемиот дел од овие износи треба да го покријат родителите, бидејќи месечните стипендии кои ги доделува Министерството за образование и наука се движат помеѓу 3.300 и 6.050 денари месечно и тоа само за 9 месеци во годината.*
Како да вложуваме за децата?
  • Освен штедењето во банка, со кое по одбивањето на инфлацијата најверојатно би ја задржале вредноста на реално вложените пари, соодветно е и некое малку подинамично вложување (динамично од аспект на тековните промени во вредноста на вложените средства). Ваквиот начин на вложување е прилика за собирање на поголеми износи, пред сè поради расположливиот временски период до осумнаесеттата година на детето;
  • Вложувањето во фондови е една од најчестите форми на долгорочно вложување за деца во развиените држави;
  • Уште со раѓањето на детето, можете во негово име да отворите Пристапница во избраниот фонд, во кој понатаму ќе уплаќате средства наменети за неговото образование.


ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24