Spletna poslovalnica

Општествена одговорност

Во текот на последните години, особено по разгорувањето на светската економска криза, многумина светски финансиски аналитичари сè повеќе го нагласуваат значењето на финансиската писменост на населението како столб на стабилноста на финансискиот пазар.
Како што финансиските пазари стануваат сè пософистицирани и луѓето започнуваат да го осознаваат зголеменото значење на одговорноста при носењето на сопствените одлуки, финансиската писменост е неопходна за да обезбеди соодветно ниво на информираност во врска со личните финансии.

Никој друг, освен тебе, не може да мисли за тебе...

Управувањето со личните финансии е еден од основните белези на нивото на финансиската култура. Државата може да создаде идеални услови за конкуренција, може да биде добар регулатор, може дури да овозможи и приходите на населението да се зголемуваат, но никој не може да го замени личниот избор. 

Помислете за момент - ако во 90-тите години малите штедачи одбиеја да им поверуваат на пирамидалните штедилници, зарем немаше и годините по нив да бидат далеку подобри? Свесно или не, постојано правиме некаков избор и тоа е еден од приципите на однесувањето на потрошувачите. Многу е мал бројот на сектори во кои отсуствува вистинска конкуренција. Во сите останати, насочувањето на поголем број корисници кон еден понудувач со најповолни услови е знак за останатите учесници на пазарот дека треба да понудат нешто подобро.

Поаѓајќи од чувството за општествена одговорност во врска со финансиската услуга која се нуди пред македонските граѓани, Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје е редовен поддржувач и партнер на голем број проекти во Република Македонија кои имаат за цел едукација на населението, односно подигнување на нивото на финансиската писменост. На тој начин целиме да разбиеме еден голем мит. Управувањето со личните финансии не значи дека треба да сте екстремно богати или да земате плата многу повисока од просечната. Техниките на контрола и управување со трошоците и заштедите може секој да ги совлада.

Нашиот тим го очекува секое Ваше прашање кое е поврзано со оваа област. Ќе бидеме среќни доколку успееме да Ви ги дадеме потребните информации. Можете да ни се обратите на e-mail адресата kdfondovi@kd-group.com или да си договорите термин за лична средба во нашите канцеларии.
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24