Spletna poslovalnica

Резервен фонд

Во текот на годината, во животот на секое семејство се појавуваат неочекувани ситуации во кои се јавува потреба од дополнителни финансиски средства. Примерите за таквите ситуации вклучуваат здравствени проблеми, купување подарок за венчавката на пријатели или роднини, поголеми поправки на автомобилот, или за жал, состојба каква што е намалувањето на платата или губењето на работното место. Пожелно е делот од заштедата кој е наменет за овие неочекувани ситуации да биде вложен на сигурно и лесно достапно место.
Паричните фондови – модерен начин на управување со заштедите

Доволна Ви е само трансакциска сметка во банка и веќе можете да ги користите предностите на паричните фондови. Периодот на вложување е по сопствен избор, во зависност од потребите за располагање со парите. Уплатите и исплатите не подлежат на никакви дополнителни трошоци.

Погодност за вложувачите е лесната достапност

Сите вложени пари може слободно да се повлечат, без да се придржувате кон определени временски рокови. Влоговите во паричните фондови не се орочени.

КД КЕШ ДЕПОЗИТ – нашиот паричен фонд

Заедничкиот имот на фондот, создаден од поединечните влогови, се распределува во повеќе домашни банки. Тоа овозможува максимална сигурност за вложувачите, паралелно со атрактивната добивка, која обично е нешто повисока од инфлацијата и каматите на депозитите во банка.

Поради сето ова, КД КЕШ ДЕПОЗИТ е идеалното место за Вашиот резервен фонд.


ЗА ДРУШТВОТО
ФОНДОВИ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24