Spletna poslovalnica

Оглас за практикантство

Скопје,
Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје, ги повикува сите заинтересирани кандидати за аплицирање во програмата Практикантство 3.5, која се спроведува во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија.


Назив на работното место за кое се спроведува практикантската програма: Стручен соработник за односи со клиенти

Целна група: Невработени млади лица до 29-годишна возраст кои немаат работно искуство, согласно со последното ниво или профил на образование.

Потребни квалификации и вештини:
  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • За предност ќе се смета искуство во продажба на финансиски услуги на физички лица (производи на животно и неживотно осигурување, инвестициски фондови и доброволни пензиски фондови).
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери;
  • Комуникативност, умешност за конверзација со луѓе од различна професија, возрасна група, пол и социјален статус;
  • Способност за индивидуалнo извршување на работните задачи;
  • Способност за самостојно донесување на одлуки.
Времетраење на практикантската работа: 6 (шест) календарски месеци.  По завршувањето на практикантската програма постои можност за вработување на практикантите кои покажале завидни резултати.

Број на неделни работни часови: 40 (четириесет)

Работно време: 08:00 – 16:00 часот

Распоред на работното време: понеделник-петок

Месечен надомест за практикантот: 9.000 денари (со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување)

Потребни документи за аплицирање:
  • Автобиографија со пропратно мотивационо писмо;
  • Уверение за завршено соодветно високо образование;
Аплицирање за огласот се врши со испраќање на потребната документација на електронската адреса:
kdfondovi@kd-group.com, со назнака (Subject): За огласот за практикантска програма.
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.

Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Имајте предвид дека само кандидатите кои ќе влезат во потесен  избор по обработката на поднесените документи, ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање кои опфаќаат проверка на знаењето, односно способноста на кандидатот за вршење на работата.

Во зависност од бројот на поднесени апликации, процесот на избор на кандидатот, ќе се изврши во рок од 45 до 90 дена по истекот на наведениот рок.

Друштвото ќе постапува и ќе ги обработува поднесените апликации во согласност со регулативата за заштита на личните податоци.

Назад
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24