Spletna poslovalnica

Трошење или штедење... а може ли и двете?

Објавено на faktor.mk,
По природа, македонците се сметаат за штедлив народ. Исто така, многу македонци се доктори да пронајдат оправдување зошто генерално нема потреба да се штеди или поконкретно, зошто тие самите не би можеле да си дозволат да штедат. Парадоксално, зарем не? Ќе споменеме само дел од богатиот репертоар:

„Како да штедам кога платата не ми стига ни да го истерам месецот...“
„Ќе штедам кога ќе ми ја покачат платата...“
„Уште сум млад, сакам да уживам, ќе штедам кога ќе имам фамилија...“
„Нашето поминало веќе, младите нека штедат...“
„Да истерам уште малце до пензиичка, не ми треба мене повеќе...“.
 
Ви звучи познато?

Сигурно и вие се прашувате кога е вистинскиот момент да почнете да штедите или колку би требало да заработувате за да можете да штедите. Е па подгответе се за големо разочарување. Вистината е дека такво нешто не постои. Нема никогаш да има прав момент, ниту доволен износ на пари за штедење.  Зошто? Па затоа што паралелно со примањата растат и потрошувачките желби. Да сте слушнале некој да има рационален однос кон приходите и трошоците?  Трошењето е емоција и тоа од оние што многу лесно се манипулираат.

Кралот на изговорите – ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ

Да започнеме со неговото височество. Сите му се имаме поклонето барем еднаш во животот. Неговата моќ се темели на животната филозофија дека треба да се живее и ужива сега и веднаш, а за осамостојувањето на децата или за повисока пензија ќе му ја мислиме кога ќе дојде времето за тоа. Маката е што порано или подоцна на сите ни претстојат слични животни настани. И да... настани што треба да се платат.



Како до баланс помеѓу трошењето и штедењето?

Бидејќи не можеме да штедиме од идни приходи, задачата е денес да го ограничиме трошењето и да пренасочиме дел од заработените пари кон штедење. За тоа ќе ни биде потребен месечен план на приходи и трошоци или популарно наречен буџет. Во него ќе предвидиме пари за покривање на редовните месечни издатоци, а она што ќе ни остане можеме да го потрошиме по сопствена желба.

А каде е тука штедењето ќе речете? Првиот и најважен чекор е износот за штедење потсвесно да се вклучи во редовните издатоци. Бидејќи во почеток ќе ви биде најтешко да се разделите со парите кои не мора да ги дадете, трикот е во активирањето на траен налог за автоматска заштеда. За неколку месеци ќе се гордеете што сте успеале да преживеете со она што останало после штедењето, а многу е веројатно да развиете и трајна штедна навика. Погледнато со други очи, заштедените пари се единственото нешто што останало од вашите претходни плати. 
  
Откако сте ја решиле редовноста, вториот чекор е да изберете соодветен начин на вложување. Тоа најмногу зависи од намената која ќе им ја одредите на заштедените пари. Нема ништо погрешно во тоа да имате неколку „купчиња“ за различни намени. Па така, парите што може да ви затребаат во секое време треба да се на сигурно и лесно достапно место, а оние што се за подоцнежна употреба треба да носат потенцијално повисока заработка. Логично нели?

Многумина штедачи несвесно одат против себе, затоа што се плашат од начините на вложување што не им се доволно познати, па наместо да побараат дополнителни појаснувања, одбираат да ги чуваат сите пари во банка. Банката е супер за штедење на  една-две години, ама постојат и други опции кои се многу поисплатливи на десет, петнаесет и повеќе години. И тоа е историски потврдено и докажано. 
Има ли поубава награда од тоа после дваесет години редовно штедење и вложување да увидите дека сте уплатиле само половина од заштедениот износ, а другата половина ви е заработувачка? Вие сте штеделе, ама и парите работеле за вас. Како ви успеало – само со активирање на траен налог, ништо повеќе. Полесно здравје. 

Штедењето и трошењето се двете страни на истата паричка. На вас е да ги искористите најдобро што можете. Затоа умереноста е фина особина. Овозможува да уживате во сегашноста додека пополека се подготвувате за уживање и во иднина.

Доколку Ве замисливме околу тактиките за штедење и сакате побрзо да започнете, побарајте нѐ на 02 6090 300 или преку www.kdfondovi.mk

За најбрзите имаме и понуда за дополнителна заработувачка.

Тимот на КД Фондови Ви го честита месецот на штедењето!


Назад
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24