Spletna poslovalnica

8 ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ШТЕДИШ

Скопје,
Денес кога е толку лесно да земеш кредит, зошто би сакал да заштедиш некој денар? Овој начин на размислување има смисла за премногу луѓе во денешно време. Во продолжение се осумте причини зошто треба да штедиш:

1.  За да станеш финансиски независен

Не постои мерило за тоа колку треба да поседуваш за да бидеш богат - тоа е различно за секого. Како и да е, поимот "да се биде богат" за најголем дел од луѓето значи да се биде финансиски независен односно да имаш слобода да правиш избор во твојот живот. Тоа подразбира да бидеш во можност да одиш на одмор кога ќе посакаш, да ја напуштиш тековната работа доколку не ти се допаѓа, да започнеш сопствен бизнис, да им помогнеш на членовите од семејството или да се пензионираш кога што сакаш наместо да работиш затоа што си едноставно зависен од платата. Да бидеш финансиски независен не е исто што и да бидеш богат, но самото тоа што не зависиш од плата придонесува да се чувствуваш богато.  

2.  Штеди по 50% на намирниците што ги купуваш 

Доколку вообичаено купуваш со кредитна картичка а притоа не ги исплаќаш долговите во целост секој месец, плаќаш во најмала рака 50% повеќе за се што ќе купиш. Ако се потпираш на кредитните картички за да си дозволиш одреден животен стил, прекини ја таа скапа навика со тоа што ќе започниш да купуваш на попуст.  Луѓето што штедат, купуваат поголема залиха од намирниците кои се на попуст (намирници кои не се расипливи). Докажано е дека луѓето што го прават ова заштедуваат до 24% од вкупниот буџет за намирници.  



3.   За да купиш стан 

Банката нема да ти даде кредит за да си купиш стан доколку немаш пари за учество. Мора да имаш заштеда за учество или пак тие пари да ги добиеш како поклон - а не како заем. Учеството треба да биде најмалку 5% од куповната цена на станот, потоа банката донесува одлука за одобрување на кредитот (останатите 95%). Постојат и дополнителни трошоци како што се даноци кои мора да се подмират кога купуваш стан, па поради тоа ќе ти бидат потребни дополнителни 5%. Штедењето е тоа што ќе ти отвори врати за да си купиш дом. 

4.   За да купиш автомобил 

Кога сакаш или ти е потребно да купиш нов автомобил мора да имаш готовина за да ти одобрат автомобилски кредит со поволна каматна стапка. Може да позајмиш пари и од твојата кредитна картичка, но тогаш каматната стапка ќе ти биде многу поголема па затоа размисли добро дали сакаш да си создаваш главоболки. Најдобрата работа што може да ја направиш е да заштедиш средства со таа намена а потоа да одлучиш која опција е најдобра за тебе. Можеби ќе одлучиш да купиш половен автомобил наместо нов.   

5.   За да ги подмириш долговите 

Доколку сакаш да излезеш од долгови, мора да заштедиш некој денар. Како и да е, кредитните картички постојано ќе ти бидат во минус доколку ги користиш за секоја "вонредна ситуација". Дури и да си извонреден планер, статистиката покажува дека кај секој втор се јавува најмалку по еден неочекуван трошок секоја година. Пред да започнеш да навлегуваш во минус на твојата кредитна картичка, треба да издвојуваш секој месец одреден износ во твојот резервен фонд кој ќе биде наменет за подмирување на неочекуваните трошоци. Водењето на резервен фонд ќе ти помогне да забележиш доколку трошењето излезе "надвор од контрола". 

  6.   За годишни трошоци

Доколку сакаш да имаш добар и релативно мирен финансиски живот, треба да имаш заштеда за подмирување на годишните издатоци. Тоа вклучува пари за подароци, одмори, трошоци околу одржување на автомобилот, поправки во домот, плаќање на даноци и сл. Можеби ви изгледа примамливо да подигнете кредит за да го подмирите минусот од кредитната картичка, но опасно е бесконечното задолжување со кредити без да ги отплаќате навреме. Најдобар начин да ги изменаџираш овие трошоци е да штедиш конкретно за нив со време. Тоа не само што ќе ти помогне да заштедиш пари,  ќе ти донесе и мир.   

  7.   За непредвидени трошоци 

Што ќе направиш ако на твојот автомобил му е потребна поголема поправка? Што ако ти излезат дополнителни давачки околу домот? Не можеш постојано да се потпираш на банката и да се надеваш дека ќе ти одобри кредити за сите овие работи. Многу е  подобро да бидеш подготвен на најлошото сценарио и да имаш одредена заштеда. 


  
8.   За подобар живот 

Луѓето што не ја планираат својата иднина се чини дека навлегуваат од една криза во друга. Има вистина во тоа дека среќата доаѓа од твојата способност за организација. Да се биде организиран само по себе нема да те направи среќен, но секако дека ќе ти помогне. Има многу нешта што не може да се контролираат, но затоа одвојувањето на пари за "црни денови" е всушност добра организација и превземање контрола врз вашата иднина и финансиската состојба. Нема што да изгубиш доколку штедиш - само можеш да си обезбедиш посреќна иднина. 

Склучете го својот програмиран план уште денес! 
Штедењето треба да го прифатите како редовна обврска - како сметка што треба да се плати прва во месецот .  Преку програмираниот план редовно вложувате средства во избраниот фонд и на тој начин постепено ја создавате и оплодувате својата заштеда.  
Назад
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24