Spletna poslovalnica

КД Кеш Депозит - за ефикасно управување со слободни парични средства

КД Фондови,
Како управител на вашата компанија сносите голема одговорност за нејзиното успешно работење. Превземате одговорност за навремена исплата на платите, обврските, и обврска прецизно да ги планирате идните финансиски текови во работењето, се со цел вашата компанија да расте и се развива, на задоволство на сите инволвирани.
Како управител треба да давате најдобри совети, и да предлагате решенија кои ќе овозможат солветност и финансиска одржливот на долг рок. Треба да обезбедите ефикасно управување со слободните финансиски средства, и истите да ги оплодувате сигурно и долгорочно, без притоа да го попречите динамичното работење на вашата компанија. Едно е сигурно, нема ништо поубаво од тоа "Вашите пари да работат за Вас", да не работите, а да ги оплодувате вашите пари, вашиот имот да се зголемува, и да добивате солиден принос за вашите вложувања.



Поради тоа, добро е да ве информираме за нашиот производ, "Кеш депозит" од КД Фондови, кој се надеваме дека ќе го привлече вашето внимание, и дека откако еднаш ќе ги увидите неговите бенефити, ќе сакате постојано да го користите. Загарантираната сигурност и соодветно на тоа високата можност за оплодување  на средствата ќе ви обезбеди можност за дополнителни приходи, кои на долг рок секако добро ќе ви дојдат.

 Што нуди "Кеш депозитот"од КД Фондови?
 
Наместо средствата да стојат неактивни на вашата трансакциона сметка, или да ги  орочите во банка и притоа да Ви бидат врзани извесен период, со "кеш депозитот"од КД Фондови депонираните средства се слободни за користење, односно не се орочуваат за определен период, а притоа се остварува камата како да се орочени. Каматата е значајно повисока од каматата по видување за средствата кои одлежуваат на трансакциска сметка, па дури и повеќе од тоа.  А поврат на трансакциска сметка може да се направи за еден работен ден по поднесеното барање за исплата. 

Како функционира? 

Средствата од повеќе компании, индивидуи се спојуваат и се пласираат во повеќе различни депозити и други парични инструменти на домашниот пазар, со можност да се оствари поголем принос. Фактички добивате каматни услови како да имате голем износ на средства, а не постојат ограничувања, односно средствата можете да ги повлечете кога ќе имате потреба од тоа. Ризик речиси и да не постои! 

За користењето на овој производ, освен стандардните банкарски провизии за трансфер на средствата, од клиентите не се наплатуваат никакви дополнителни трошоци. 


Ќе ни биде особено драго да ни пишете за термин за бесплатни консултации или директно да се јавите за закажување на телефонските броеви (02) 60 90 300 или 078 424 885.    

Дозволете им на вашите пари да поработат малку за вас.  


Назад
ЗА ДРУШТВОТО
ФОНДОВИ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24