Spletna poslovalnica

КД ТОП БРЕНДОВИ, акциски фонд

BLUE CHIP компании



ЗОШТО КД ТОП БРЕНДОВИ?

Фондот инвестира во акции на компании кои управуваат со најсилните брендови во светот. Ова е вистински избор за вложувачи кои преферираат стабилен и сигурен раст на сопствениот влог.

Идејата е да ги погледнеме од поинаков агол големите светски играчи, чиишто производи и услуги на сите ни се добро познати од секојдневниот живот (Apple,
Coca Cola, Google, Nike, BMW, McDonald's, Microsoft, Visa итн.).
Зошто да им бидеме само клиенти, кога можеме да поседуваме и дел од нивниот бизнис?

Овие моќни трговски марки во суштина се големи мултинационални компании, со доминантно пазарно учество во своите индустрии и изградени врвни бизнис модели, кои содржат јасна стратегија за развој, високо ниво на стабилност и потенцијал за долгорочен раст.
Не пропуштајте
ја оваа уникатна можност да зграбите дел од заработката на Вашите омилени брендови!

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

Називот "BLUE CHIP" потекнува од играта со карти POKER, во која сините чипови имаат највисока вредност. Берзанскиот термин "BLUE CHIP", како синоним за акциите со највисока пазарна вредност, за прв пат бил употребен во далечната 1923 година од страна на новинарот на Wall Street Journal - Oliver Gingold.  

Во денешно време, називот "BLUE CHIP" се користи за висококвалитетни компании кои со своето долгогодишно успешно работење го имаат положено тестот на времето.

„BLUE CHIP“ компаниите имаат стабилен раст на своите приходи и соодветно на тоа и повисока реализирана добивка. Овие компании и во услови на криза остваруваат натпросечни приноси.

Критериумот по кој ние се водиме кога ги одбираме за портфолиото на нашиот фонд е најмалку десетгодишна историја на константен или растечки тренд на исплата на дивиденда.

 








ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24