Spletna poslovalnica

КД ТОП БРЕНДОВИ, акциски фонд

Основни информации

За кого е наменет фондот?

Со оглед на инвестициските цели и политика, КД ТОП БРЕНДОВИ првенствено е наменет за вложувачи со среднорочен или долгорочен вложувачки хоризонт и умерен степен на толеранција кон ризикот, кои сакаат вложувања во големи компании кои се лидери во своите индустрии и зад себе имаат долга историја на исплата на дивиденда кон инвеститорите.

Препорачлив временски период за вложување е најмалку пет години.

Износот кој е разумно да се вложи во овој фонд првенствено зависи од личните цели и можности на секој инвеститор. Поради тоа, на потенцијалните инвеститори им се препорачува, пред носењето на одлуката за вложување во КД ТОП БРЕНДОВИ, да ја согледаат својата имотна состојба, тековните и идни потреби за парични средства, планираниот временски период на вложување, како и личниот однос кон преземениот ризик од вложувањето. Исто така, препорачливо е средствата на инвеститорот наменети за вложување да бидат правилно диверзифицирани, со што истиот би се заштитил од ризикот да биде изложен на само еден вид финансиски инструмент, односно инвестициски фонд.

Назив на фондот КД ТОП БРЕНДОВИ - отворен инвестициски фонд
Скратен назив  КД ТОП БРЕНДОВИ о.ф.
Друштво за управување КД Фондови АД Скопје
Датум на запишување во Регистарот на отворени фондови 
12.05.2014 година
Инвестициска цел Инвестициската цел на фондот е зголемување на вредноста на имотот, односно пораст на цената на уделот, гледано на долг рок.
Инвестициска политика Глобално ориентиран фонд со акцент на "blue chip" компании. Поставената инвестициската цел се следи со активно управување на вложувањата во сопственички хартии од вредност од првокласни издавачи, кои обезбедуваат стабилен дивиденден принос.
Валута на која гласат уделите МКД
Минимален износ за уплата 10.000 денари при еднократни уплати; 

500 денари при програмирани уплати
Депозитарна банка  Шпаркасе банка Македонија АД Скопје
Идентификациски број РОИФ1412052014КДТОБР6364578 
Влезен надоместок за издавање на удели Од 5% до 0%, во зависност од типот на уплатата за купување на удели
Излезен надоместок при откуп на уделите Од 5% до 0%, во зависност од начинот на кој се стекнати уделите кои се продаваат
Надоместок за управување со имотот на фондот 3% годишно
Надоместок на депозитарната банка 0,35% годишно
 

Права од удели 
Согласно Законот за инвестициски фондови, на сопствениците на удели им се гарантираат следниве права:
  • право на информираност;
  • право на дел од добивката на фондот;
  • право на продажба на уделите од фондот, односно обврска за откуп на уделите од страна на КД Фондови АД Скопје;
  • право на исплата на дел од ликвидационата маса на фондот.

ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24