Spletna poslovalnica

Концептот на сложена каматна стапка

Алберт Ајнштајн ја нарекол сложената камата “едно од најголемите математички откритија на сите времиња”. Ние сметаме дека ова негово тврдење е само делумно точно, со оглед на фактот што за разлика од тригонометријата и останатите математички калкулации што сме ги учеле во средно училиште, сложеното вкаматување може да се примени во секојдневниот живот.
Чудото на сложеното вкаматување (нарекувано уште и сложена камата) ги претвора Вашите оперативни пари во фантастично моќна алатка за остварување на заработка. Сложеното вкаматување претставува процес на генерирање на нова заработка преку реинвестирање на заработката којашто произлегува од претходно вложени средства. За да функционира успешно, потребни му се две компоненти: време и  реинвестирање. Колку повеќе време ќе им дадете на Вашите пари, толку поголем ќе биде нивниот потенцијал за раст, а помал притисокот врз Вас.

Да го демонстрираме кажаното дотука преку еден пример:

Ако денес вложите 10.000 евра, при стапка на принос од 6%, за една година би имале 10.600. (10.000 x 1.06). Доколку таа добивка од 600 евра не ја повлечете, туку ја оставите да биде реинвестирана уште година дена, при истата стапка на принос од 6%, Вашиот влог ќе нарасне до 11.236 евра (10.600 x 1.06) на крајот од втората година.

Што всушност се случи? Бидејќи остварената добивка од 600 евра во првата година не ја повлековте, туку ја додадовте кон првичниот влог, таа самата заработи дополнителни 36 евра во наредната година.

На крајот од третата година, Вашиот влог ќе вреди 11.910,16 евра (11,236 x 1.06). Овој пат, сте заработиле дополнителни 674.16 евра, што е за 74.16 повеќе во однос на првата година. Зголемувањето на заработениот износ од секоја наредна година се додава на претходниот влог, при што се создава каматно каматен ефект или популарно наречен камата на камата. Ваквата прогресија ќе продолжи сè додека ја реинвестирате добивката и заработувате дополнителен принос.

Започнете веднаш

Доколку сте млади, можеби не размислувате да започнете да  вложувате за Вашата пензија во моментов. Веројатно сметате дека е подобро да почнете да размислувате за тоа за 5 или 10 години. Или можеби за 20. Ако е навистина така, тогаш грешите. Тајната на бавното збогатување е во чудотворниот каматно-каматен ефект. Дури и најмалите заштедени и вложени износи може да генерираат вистинско богатство доколку им се даде доволно време и внимание.

Гледано отстрана, акумулирањето на заработката е незначително, дури и незабележливо. „Па што ако на моите средства имам заработка од помалку од 1 % месечно?“, ќе си речете. Каква врска има тоа што во инвестициски фонд се очекува просечна годишна добивка од 7 до 10% на долгорочен период? Зошто е толку битно да се започне да се вложува токму сега?

Одговорот е дека во кратки временски периоди, речиси и да нема видлива разлика. Но, краткорочните резултати и не се толку важни во однос на она што ќе се случи во период по 20 или 30 години.


За да го искористите каматно-каматниот ефект во Ваша полза, бидете трпеливи. Не ги повлекувајте вложените средства. Акумулирањето функционира само доколку на Вашата инвестиција и дадете доволно време да порасне. Магијата на каматно-каматниот ефект се чувствува на крајот.


КД Фондови
Повеќе од штедење

 

ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24