Spletna poslovalnica

ФОНДОВИ

Влог во 5 чекори

  • Чекор 1: Со пополнувањето на пристапница, секое физичко или правно лице може да пристапи кон избраниот фонд и да извршува трансакции со удели. Пристапницата се пополнува на посебен формулар, во кој се содржани идентификациски и контакт податоци за вложувачот, како и писмена изјава со која тој изјавува дека е запознат со правилата на работење на фондот и дека истите во целост ги разбира и прифаќа.  
  • Чекор 2: Куповните трансакции се реализираат врз основа на уредно пополнето барање за купување на удели, во кое ја наведувате сумата што сакате да ја вложите како еднократна уплата или посочувате каков тип на програмиран план да ви биде активиран.
  • Чекор 3: Пополнетите и заверени обрасци на Пристапницата и Барањето за купување на удели можат да се поднесат секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: kdfondovi@kd-group.com
  • Чекор 4: На основа на податоците во барањето, од наш овластен претставник ќе добиете инструкции за уплата на средствата за купување на удели. Уплатата можете да ја извршите во некоја од експозитурите на деловните банки или преку електронско банкарство.
  • Чекор 5: Првиот работен ден по реализацијата на уплатата, ќе Ви биде испратена „Потврда за купување и состојба на удели“, на адресата за кореспонденција која сте ја навеле во Пристапницата. Оваа потврда е Вашиот официјален документ за сопственост на удели во фондот.


Забелешка: Симнете ги обрасците на Пристапницата и Барањето за купување на удели на вашиот компјутер за да можете да ги пополните електронски.


При каква било нејаснотија околу постапката за стекнување на удели, обратете се за помош преку КОНТАКТ ОБРАЗЕЦОТ или на некој од следните телефонски броеви.

ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24