Spletna poslovalnica

Постепено вложување

Програмираниот план е организиран и исплатлив систем за долгорочно вложување. Редовните уплати ви помагаат во постепеното создавање и оплодување на вашите заштеди.
Ако на долгорочен план сакате да го зголемите приносот на вашите заштеди, а притоа соодветно да се заштитите од економски кризи, обезвреднување поради инфлација, како и можна девалвација на денарот, треба да се стремите кон балансирана распределба на вложувањата во различни финансиски инструменти и валути, вклучително и акции од меѓународни корпорации. Најлесниот начин да го постигнете соодветниот сооднос е да искористите веќе подготвено портфолио, односно да вложувате преку инвестициски фонд. Можеби сте веќе свесни дека вложувањето во акции, односно акциски фондови долгорочно обезбедува добар поврат на вложените пари, но сеуште се колебате поради стравот од пад на нивната вредност во одредени периоди. Што може да се направи во врска со ова?

Рецептот е едноставен - вложувајте постепено, но редовно.
Јасно е дека берзите се движат во обете насоки – на моменти растат, на моменти опаѓаат и  никој со сигурност не може да каже во која насока ќе тргнат од моментот кога Вие ќе се одлучите да вложите. Но, токму во нивната непостојаност се крие потенцијалот за добра заработка.  Па така, вложувајќи секој месец по еднаков износ, Вие автоматски ги нивелирате тековните промени и си обезбедувате подобри резултати за заштедените пари. Да го илустрираме кажаното со еден историски пример:

Да претпоставиме дека планираниот износ за вложување сме го распределиле на еднакви рати, па со нив постепено сме купувале акции на американската берза  во периодот од 2000 до 2015 г. Значи, наместо целиот износ наеднаш, редовно по една рата месечно, без разлика на моменталната цена на акциите. Ако од денешна гледна точка се направи споредба, би заклучиле дека со пристапот „чекор по чекор“, би оствариле поголем принос, отколку кога би вложиле еднократно. Во овие 15 години, покрај позитивните трендови од 2002 до 2007 година и од 2009 година наваму, имаше и две големи кризи – од 2000 до 2002 и од 2007 до 2009 година. А бидејќи не сме ги дале сите пари наеднаш, постепеното вложување, освен поголемата заработка, ни донело и помирен сон, односно нѐ заштитило од стресови во кризните периоди.

Зошто го нагласуваме постепеното вложување?

Со редовна уплата на еднаков износ се постигнува ефект на упросечување на цената на стекнатите добра. Противвредноста на уплатените парични средства во отворениот инвестициски фонд се изразува во пресметковни единици кои се нарекуваат удели. Колку чини дневно еден удел, зависи од сите вложувања кои ги направил портфолио менаџерот.

"Значи, кога уплаќам пари во фондот, за возврат добивам удели и обратно, кога сакам да си ги повлечам парите, моите удели ми ги откупува друштвото што го управува фондот."
 
Звучи едноставно, а гарантираниот откуп на уделите дава сигурност дека влогот можете да го претворите во пари во секое време. Удобната работа е што немате ни обврска да се обременувате со сложени пресметки, бидејќи цената на уделот секојдневно се објавува на веб-страницата на друштвото за управување.
   
Па така, ако имате активирано траен налог, кога цената на уделите во фондот е пониска, за вашата месечна уплата ќе купите повеќе удели и соодветно, кога цената ќе им биде повисока, ќе стекнете помалку удели за истите пари. На тој начин си постигнувате подобра просечна цена за вкупно купените удели, што ви овозможува потенцијално поголема заработка при нивната идна продажба.

Дознајте како во само 5 чекори да го склучите вашиот програмиран план.







ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24