Spletna poslovalnica

Сопственички права

Содржините на оваа интернет страница се во сопственост на КД Фондови АД Скопје и истите се заштитени со авторски права, заштитни знаци и ознаки на услуги, патенти и други сопственички права. Секое копирање, репродукција, модифицирање, пренесување, дистрибуирање или користење на податоците и информациите, како и други изведби на содржините, не е дозволено без одобрение на Друштвото. Секој упад или злоупотреба на интернет страницата на КД Фондови АД Скопје е казниво согласно Кривичниот законик на Република Македонија.
Услови за користење
 
Податоците и информациите објавени на оваа интернет страница се од информативен карактер и се сметаат за точни во времето на нивното објавување. КД Фондови АД Скопје го задржува правото во секое време да изврши ревидирање, дополнување или измена на податоците и информациите, во целост или делумно, со цел обезбедување на континуирано ажурирање на интернет страницата. Друштвото не гарантира за точноста, актуелноста и потполноста на објавените информации и не ја презема одговорноста за неправилната употреба на овие содржини.
 
Секој што е заинтересиран за некој производ или услуга, а кои се претставени на оваа интернет страница, треба да го контактира КД Фондови АД Скопје за да се распраша за условите и трошоците за соодветниот производ, односно услуга.  
 
Исклучување од одговорност
 
Друштвото не презема одговорност за евентуални загуби или штети кои би можеле да настанат при посета и користење на податоците и информациите од интернет страницата, како што се губење на информација, штета на услуга, софтвер и слично.
 
Поврзаните локации не се во надлежност ниту се под контрола на КД Фондови АД Скопје и затоа Друштвото се иззема од одговорноста за содржините на која било поврзана локација или која било измена или ажурирање на истата. Вклучувањето на кој било линк/врска не повлекува и поддршка на таквите локации од страна на КД Фондови АД Скопје. 
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24