Spletna poslovalnica

Известување за промена на депозитарната банка

Скопје,

Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје ја известува јавноста дека на ден 19.10.2017 г., успешно е завршена постапката за промена на депозитарната банка на отворените инвестициски фондови КД БРИК, КД НОВА ЕУ, КД ТОП БРЕНДОВИ и КД КЕШ ДЕПОЗИТ.

Почнувајќи од 20.10.2017 г., извршувањето на активностите на депозитарна банка на фондовите со кои управува нашето друштво го презема Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Изборот на Шпаркасе банка за депозитарна банка е одобрен од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение бр. 01 УП 08-103 од 18.09.2017 година.

Врз основа на извршената промена, Ве известуваме дека во иднина купопродажните трансакции со удели ќе продолжат да се извршуваат преку следниве трансакциски сметки:
  • 250-1010005559-79 за отворениот фонд КД ТОП БРЕНДОВИ; 
  • 250-1010005558-82 за отворениот фонд КД КЕШ ДЕПОЗИТ;
  • 250-1010005557-85 за отворениот фонд КД НОВА ЕУ; и
  • 250-1010005556-88 за отворениот фонд КД БРИК.
Ги повикуваме сите заинтересирани вложувачи, пред наредната уплата на средства, да се обратат до друштвото заради добивање на инструкции за пополнување на налозите.

Дополнителни информации во однос на работењето со новата депозитарна банка можат да се добијат на телефонските броеви 02 60 90 300 или 078 424 885, како и преку електронските адреси:
marija.lozevska@kd-group.com и elena.petreska@kd-group.com


Назад
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24