Spletna poslovalnica

Известување до сопствениците на удели

Скопје,

Почитувани,

Ве известуваме дека
на ден 13.11.2017 година, извршните директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје (во натамошен текст: Друштвото за управување), донесоа Одлуки за измени и дополнувања на Проспектите на отворените фондови КД КЕШ ДЕПОЗИТ, КД БРИК, КД НОВА ЕУ и КД ТОП БРЕНДОВИ (во натамошниот текст: Измени и дополнувања).

Измените и дополнувањата ќе стапат во сила откако ќе бидат одобрени од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Пречистени текстови на проспектите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница по добивањето на одобрението на измените и дополнувањата.

Образложение

Со Решението на КХВ бр. 01 УП 08-103 од 18.09.2017 година, со кое се дава одобрение на изборот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за депозитарна банка на фондовите со кои управува КД Фондови АД Скопје, Друштвото за управување се задолжува, во рок не подолг од 30 дена од правосилноста на решението, извршената промена на депозитарната банка и новонастанатите услови кои произлегуваат од депозитарниот договор, соодветно да ги вгради во документите на Фондот.
 
Дополнително, во врска со иницијативата за преземање на мерки за стимулација за подолгорочен и поопсежен деловен однос со тековни и потенцијални вложувачи, преку воведување на постапка со која на сопствениците на удели (вложувачите) би им бил доделуван стимулативен бонус во форма на дополнителни удели од средства на Друштвото за управување, во добиеното мислење од КХВ број 08-690/3 од 26.09.2016 година, се укажува на потребата од наведување на можноста за ваков тип на стимулација на вложувачите во проспектите на оние фондови во кои ќе се спроведува активноста, со цел информираност на инвеститорите.

На основа искуствата од тековното работење, констатирана е и потреба од допрецизирање на одредбите од Проспектот, особено во деловите кои се однесуваат на клучните податоци за вложувачите, како што се видот на отворениот фонд, инвестициските цели и политика, мотивите за вложување, видовите на инвестициски ризици кои се карактеристични за фондот, вклучително и волатилноста и ризичната класа, како и начинот и постапката за издавање и откуп на удели и местото на исплатата на уделите при нивниот откуп.

Со донесувањето на овие измени и дополнувања на проспектите се цели кон нивно функционално поврзување со одредбите од статутите на фондовите, на начин што ќе овозможи двата акта да создаваат правна целина која е применлива во праксата.

Ви благодариме на довербата,

КД Фондови АД Скопје
Назад
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24