Spletna poslovalnica

Весна Каркинска - нов Извршен директор на "КД Фондови" АД Скопје

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 13-тата седница донесе Решение со кое се дава согласност за именување на Весна Каркинска за извршен член на Одборот на директори, односно извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови ''КД Фондови'' АД Скопје.

    Весна Каркинска заедно со актуелниот Главен извршен директор Лазе Камчев, ќе менаџираат со четирите отворени инвестициски фондови - КД Нова ЕУ, КД Брик, КД Топ Брендови, КД Кеш Депозит, сите управувани од Друштвото за управување со инвестициски фондови ''КД Фондови'' АД Скопје.Весна Каркинска има мандат до 27 април, 2023 година и доаѓа на местото на досегашниот  Маријан Николовски.
Назад
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24