Spletna poslovalnica

Што се тоа удели?

Пресметковните единици кои се користат за да се утврди противвредноста на вложените средства се нарекуваат удели.
Почетната цена на еден удел ја определува друштвото за управување при објавувањето на јавниот повик за купување на удели, односно при започнувањето со прием на уплати во отворениот инвестициски фонд.

Понатаму, нивната цена се пресметува на дневна основа, согласно пазарната вредност на сите финансиски инструменти од портфолиото на фондот. Цените на уделите, како и бројот на удели во сопственост на еден вложувач се изразуваат во четири децимални места.

На пример, кога вложувачот ќе изврши уплата на сметката на фондот, уплатениот износ, намален за таксата за издавање на удели, се дели со пресметаната цена на уделот за денот на кој е извршена уплатата. На тој начин се добива бројот на нови удели кои ги стекнал вложувачот.

Новостекнатите удели се додаваат на уделите кои тој од претходно ги поседувал. 

Вкупниот збир на удели кои ги поседува вложувачот, помножени со дневната цена на еден удел, ја изразуваат паричната вредност на неговата заштеда.

Сопствениците на удели имаат право во секое време да побараат делумен или целосен откуп на нивните удели од страна на друштвото за управување, по цена која е пресметана за денот на кој е поднесено барањето за откуп.

Добивката од разликата помеѓу откупната цена на уделите и набавната (куповната) цена во целост му припаѓа на сопственикот на уделите. 

Курсната листа, во која е вклучена дневната цена за продажба или откуп на уделите, се објавува секој работен ден.


ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24