ВТОРА КАРИЕРА во КД ФОНДОВИ

Размислуваш ли често за нова работна средина?
Или можеби за нова професија, сосема поразлична од сегашната?

Верувај, не си само ти. Многумина се во слична ситуација, но не се одлучуваат да направат исчекор. Зошто е тоа така?

Причина бр. 1: СТРАВ ОД ЗАГУБА НА РАБОТАТА КОЈА ИМ ГИ ПЛАЌА СМЕТКИТЕ

Причина бр. 2: СТРАВ ОД НЕДОВОЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ ЗА НОВИОТ ПРЕДИЗВИК

Да ја задржиш тековната работа или да си бараш нова - што би било попаметно? Компромисот е едноставен... терај си две работи паралелно. Плус, ако си тип на личност која се противи на концептот „работа само според струката“, богами имаме добра понуда за тебе. Нови вештини, проширен круг на познанства, поинаков начин на размислување... се само дел од придобивките на втора кариера во твојот живот. А работејќи повеќе од една работа, многу е веројатно да покажеш подобри резултати и во двете.

ЗОШТО Е УБАВО ДА ИМАШ ДВЕ КАРИЕРИ?

Остваруваш дополнителна заработувачка
Приходите од повеќе извори значат поголема сигурност
Не си зависен од никого
 
Отвораш ново поле за самодокажување
Запознаваш различни луѓе
Го подобруваш својот time management
КАКО ФУНКЦИОНИРА НАШАТА СОРАБОТНИЧКА ПРОГРАМА?

Дознај, едуцирај се, споделувај, помагај, заработувај...

Управувањето со личните финансии е вештина која секој одговорен човек треба да ја владее. Поради тоа, финансиското посредување е активност што одлично се вклопува како дополнителен ангажман кон секоја професија.

Соработничката програма “ВТОРА КАРИЕРА“ е тука за да ти понуди конкретни одговори на прашања од типот на: Како функционираат парите? Зошто е корисно да го планирам личниот и семејниот буџет? Како да заработувам дополнителни приходи? Зошто е важно да размислувам долгорочно?

ШТО РАБОТИМЕ НИЕ?

КД Фондови е специјализирана финансиска институција која ги пренесува современите практики од меѓународната групација на која ѝ припаѓаме. Нашата визија е да бидеме домашен финансиски бутик, кој нуди продукти и услуги, подготвени за корисниците, согласно нивните тековни и идни животни цели.

САКАШ ЛИ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИШ?



КОНТАКТИРАЈ НЀ

Приклучи се лесно во само 3 чекори

Нормално е да имаш многу прашања во почетокот. Откриј ги можностите и сите потребни информации за твојата втора кариера во финансискиот сектор.




1.) Испрати апликација со твои контакт податоци




2.) Наш претставник ќе те контактира за појаснување на сите детали. Следи ги неговите инструкции.




3.) Започни ја новата кариера со присуство на воведниот семинар.

КД Фондови АД Скопје

бул. Партизански одреди бр.14A, влез 1, кат 2/2, Скопје-Центар
Контакт телефон: 02 60 90 300
E-mail: kdfondovi@kd-group.com

Формулар за електронско аплицирање